Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време.

Според прогнозите на УХМР, времето на последниот ден од годината ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини.

Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северо0западен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 13 степени.

Утрото, следниот неработен ден на 1 јануари, ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот, времето ќе биде сончево и тивко со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Според прогнозата за следните денови, снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК