Centar.mk
БИЗНИС

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол 

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија во понеделник, 30 декември отвора нова продажна локација овој пат во Скопје Сити Мол. 

По овој повод, за сите кои ќе го посетат новото продажно место на денот на отворањето МТЕЛ подготви супер изненадувања. 

„Навистина сме среќни што ја прошируваме нашата продажна мрежа со нова локација во Сити мол и им ги доближуваме уште повеќе нашите понуди и услуги на корисниците. По тој повод сите кои ќе не посетат во понеделник на новата локација ќе добијат гратис mSTART припејд картичка, а дополнително по пат на грепка ќе може станат добитници на вредни подароци меѓу кои паметен часовник, мобилен телефон или слушалки. Покрај ова, само на денот на отворањето посетителите ќе може да искористат 15 % попуст на Huawei паметни часовници“, велат од МТЕЛ. 

Новата МТЕЛ локација е на 1 кат во Скопје Сити мол веднаш наспроти ескалаторите. Повеќе за понудите и услугите кои ги нуди МТЕЛ може да дознаете на mtel.mk или на телефонскиот број 15010. 

 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК

Одговорноста е твоја најголема добивка

ДЕСК