Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни“, рече Петрушевски.

Според владејачката партија, социјалдемократите треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК