Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 20 мигранти загинаа при потонување брод во близина на Тунис

Туниската крајбрежна стража ги извлече телата на 20 африкански мигранти откако нивниот брод потона во близина на брегот, соопшти националната гарда, а ова е втора мигрантска трагедија кај брегот на Тунис за една недела.

Националната гарда соопшти дека крајбрежната стража вчера спасила пет лица од пловилото, а операциите за потрага по оние кои се уште се водат за исчезнати се во тек.

Бродот потона во близина на брегот на Сфакс, главното пристаниште за поаѓање на африканските мигранти.

Минатиот четврток, туниската крајбрежна стража, исто така, извлече тела на девет мигранти, додека шестмина се водат како исчезнати, откако нивниот брод потона додека пловеа кон Европа.

Тунис се справува со мигрантска криза без преседан и ја замени Либија како главна појдовна точка и за Тунижаните и за луѓето од другите делови на Африка кои бараат подобар живот во Европа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен го менува планот: Брисел се откажува од сопствената разузнавачка служба по конфликтот со Каја Калас

C +

Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

C +

Макрон: Трамп посакува колапс на Европската Унија

C +