Centar.mk
БИЗНИС

Митрески до Кочоска: Дали 1 милион евра чини провизијата за консултантски услуги на унгарскиот кредит?

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска поврзано со провизијата за унгарскиот кредит, односно кој е износот за консултантски услуги со оглед на тоа дека со одлуката за пренамена на средства се планираат плус 1 милион евра.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Со одлуката за прераспределба на средства којашто ја гласавме пред неколку дена планирате зголемување на ставката за договорни услуги за дополнителни над 60 милиони денари, или над 1 милион евра. Ако го гледаме буџетот за 2024, којшто бил 76 милиони денари, вие со дополнителните 60 милиони денари планирате вкупен износ од 130 милиони евра или 2 милиони 140, скоро 150 илјади евра. Значи до крајот на годината, за 10 дена, планирате дополнителни 60 милиони денари, или дополнителни 1 милион евра. Ако во овој период се зборува за унгарскиот кредит и ако има триста шпекулации во јавноста, ве прашувам дали овие договорни услуги, дополнителни 60 милиони денари, дополнителни 1 милион евра на ставката договорни услуги, е за банкарски провизии или е за консултантска куќа. Ако е така, кажете која е таа консултантска куќа, во кој износ се исплаќа, дали е за банкарски провизии, ако не, тогаш кажете кој се дополнителните милион евра на ставката за договорни услуги?

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАТЕ ЗИМСКИ ОДМОР? – Како да избегнете непотребни трошоци за патување

ДЕСК

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО ПОНЕДЕЛНИК? – РКЕ треба да ја објави редовната пресметка за бензинот и дизелот

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ОД ПРЕМИЕРОТ: Државата ќе дели 20 проценти попуст за купување на нов стан за млади млади брачни парови

ДЕСК