Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателката на Република Македонија Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата беше реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.

Претседателката ја прифати поканата, а терминот на остварување на средбата ќе биде дополнително определен. Исто така, српската амбасадорка ѝ врачи на Претседателката покана за учество на специјализираната меѓународна изложба ЕXPO 2027, што ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август.

Претседателката изрази благодарност и спремност за учество на истата, акцентирајќи го значењето на овој меѓународно признат настан, не само за Република Србија и регионот, туку и пошироко.

Во текот на разговорот уште еднаш беа потврдени извонредните македонско – српски односи со желба за нивно продолжување.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК