Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Избодена девојка пред ресторан во една белградска населба

Девојката А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба.

Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторан со својата пријателка. Во еден момент им пришол млад човек и ја избодел девојката која останала облеана во крв на самото место.

Пријателката повикала полиција и брза помош. Повредената девојка со тешки повреди е пренесена во болница, а според информациите состојбата ѝ е стабилна и не ѝ е загрозен животот.

По нападот полицијата веднаш ја започна операцијата Вихор. Набргу бил уапсен осомничениот А.О.(25). Како што пренесуваат медиумите, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде предаден на дежурниот истражен судија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се враќа воениот рок – од сега секој граѓанин ќе мора да служи војска во Хрватска

ДЕСК

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус – издвоени речиси сто милиони евра

ДЕСК

Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

C +