18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

И’ рекле дека има дел од биткоин, ја оставиле без 5.000 евра кои ги зела како кредит – Нема крај на иновативноста на измамниците

На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две недели и ја известило дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари.

Исто така, според пријавеното, лицето од побарало од неа да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите. Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +