Centar.mk
РЕГИОН

Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад се уште се во тешка состојба

Повредените при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, пациентот Ц.В. (18) и пациентката М.Т. (24), се уште се на интензивна нега во Клиничкиот центар во Војводина и се во тешка, но стабилна здравствена состојба, соопштија денеска од КЦВ.

„Тие се свесни и дишат спонтано. Мултидисциплинарен консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции и психолошка поддршка која е постојано присутна“, се вели во соопштението.

Во несреќа на 1 ноември загинаа 15 лица, кога врз нив се урна армирано-бетонска настрешница од неодамна реновираната зграда на железничката станица во Нови Сад, објави Нова.рс./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ММФ ЈА СТАВИ ЦРНОГОРСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОД ЛУПА – Започна годишната мисија

ДЕСК

ЕУ Ѝ ДАДЕ ВРЕМЕ НА ЦРНА ГОРА ДО 2030 ГОДИНА – Производителите мора да ги исполнат стандардите за храна

ДЕСК

18 РАБОТНИЦИ ЗАГИНАА ВО ЧЕЛИЧАРНИЦА – Во Турција се бара одговорност за трагедијата

ДЕСК