На 10 декември 2024 година, во Манастирот Свети Леонтиј во Водоча се одржа Свечена академија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, заштитници на градот Струмица. Во рамки на Свечената академија, беше одбележано духовното наследство на патроните на градот Струмица. Домаќин на настанот беше Струмичката православна епархија.
Во рамки на Свечената Академија, на Градоначалникот на Струмица, г-дин Костадин Костадинов, му беше доделено специјално признание за неговото лидерство, непоколеблива посветеност на напредокот на градот и негувањето на позитивните општествени вредности преку активно потсетување за важноста на единството, почитта и љубовта. Во оваа прилика, Градоначалникот изрази длабока благодарност и ја потврди својата посветеност да служи на Струмичани и да го почитува богато наследство на општината.
Општина Струмица упатува благодарност до организаторите и сите учесници и повикува на продолжување на негувањето на споменот на Светите петнаесет свештеномаченици – симбол за љубовта, заедништвото и заедничката одговорност.
фото Општина Струмица