Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Заглавени гости од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило

Гости од хотелот „Радика“ во Маврово, што беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, што вози пред нив и им го расчистува патот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возило на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта вози напред, а по него се гостите од хотелот со своите возила. Возат бавно, но ќе успеат да стигнат до конечните дестинации“, велат од ЦУК.

Екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта во текот на денот вршеле сечење на паднатите дрвја на делницата до хотелот.

На терен имало и машина за чистење снег, која ги расчистувала снежните наноси на овој потег.

Според ЦУК, висината на снежната покривка на овој дел е околу 80 сантиметри.

Од ЦУК информираат дека поради врнежите од дожд, состојбата во поголемиот дел од Северозападниот Регион е стабилна и сообраќајот се одвива нормално, а снабдувањето со електрична енергија е редовно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +