Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден.

„Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот.

Kриминалните банди кои 20 години ги ограбија институциите и сите граѓани независно од етничката припадност, денес со овој однос покажаа дека за нив националните знамиња не се ништо друго освен обвивка со која мислат дека ќе избегнат кривична одговорност.

Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврда за нивниот страв.

Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК