Centar.mk
СВЕТ

Трамп и Цукерберг забележани заедно на вечера на Флорида

Извршниот директор на платформата „Мета“, Марк Цукерберг, вечерал со новоизбраниот претседател Доналд Трамп во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида откога побарал средба за да разговараат за новата администрација со идниот лидер, објави „Њујорк пост“.

Портпаролот на „Мета“ рече дека Цукерберг е благодарен за поканата и можноста да се сретне со Трамп и неговиот тим во врска со претстојните промени во администрацијата.

Идниот заменик-началник на кабинетот за политика, Стивен Милер, ја потврди средбата за време на гостувањето на „Фокс њуз“ велејќи дека Цукерберг сака да го поддржи Трамп кого го гледа како двигател на промени и просперитет.

По средбата, Цукерберг, кој претходно го критикува Трамп дека го обвини „Фејсбук“ оти е непријател на народот, му честита за победата на изборите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Демонстранти пред судот во Њујорк бараат ослободување на Мадуро

C +

Трамп се заканува на уште пет земји, еве го списокот

C +

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

C +