12. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Либанската армија се подготвува да се врати на југот на земјата

Армијата на Либан соопшти дека се подготвува да се распореди на југот на земјата по стапувањето во сила за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Во соопштението армијата исто така побара од жителите на пограничните села да го одложат враќањето во своите домови до повлекувањето на израелската армија.

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи во сила во раните утрински часови во средата, но му претходеа силни експлозии во областа Бејрут до почетокот на примирјето.

Портпаролот на ИДФ рече дека жителите на јужен Либан ќе бидат информирани кога ќе може безбедно да се вратат дома.

Извештаите велат дека вкупно 10.000 војници на либанската армија ќе бидат стационирани во пограничната област паралелно со израелското повлекување. Од вкупниот број, 5.000 се веќе поставени./Извор:Makfax