Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Велес, пронајдена дрога

На 22.11.2024 во 10.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода З.Ш.(46) и А.Ш.(44), двајцата од Велес. При претрес во домот на А.Ш. во Велес, каде престојувал и З.Ш., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени 17 пакувања со зелена растителна материја, 42 семки и пари. З.Ш. и А.Ш. биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по чл. 215 од КЗ.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК