Centar.mk
РЕГИОН

Земјотрес во Босна и Херцеговина, се почувствува и во цела Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина утрово околу 9.15 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар северозападно од Мостар или 11 километар југозападно од Јабланица, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

„Наеднаш посилно се тресеше, кратко траеше“, пишува човек од Широки Бријег на апликацијата EMSC. Коментари имаше и од југот на Хрватска. Тие наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван на Имотски, Макарска и други места.

„Се почувствуваа силна бучава и потреси“, наведуваат граѓаните на Босна и Херцеговина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИТНА АКЦИЈА НА САВА: Пленковиќ се огласи – „Тешка операција на Сава, нема потврдени жртви“

ДЕСК

Вучиќ би можел да одржи избори порано од очекуваното

C +

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 10-0: Благодарност до Србија за довербата

C +