Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Крим мора да и се врати на Украина преку дипломатски канали

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, ќе мора да и биде вратен на Украина преку дипломатски канали, а не преку воена сила.

Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласи дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим.

„Веќе спомнав дека дипломатски сме подготвени да го вратиме Крим“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шпанскиот премиер остро го критикуваше Нетанјаху

C +

Њујорчани протестираат против израелските воздушни напади врз Либан и Иран

C +

Поранешен амбасадор на САД во НАТО: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

C +