Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте.

Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК