27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден ќе се состане со кинескиот претседател

Американскиот претседател, Џо Бајден, и неговиот кинески колега, Си Џинпинг, денеска доаѓаат во Лима на самит на азиско-пацифичките земји, во тензична атмосфера поради можноста од нови трговски војни во новиот претседателски мандат на Доналд Трамп.

Двајцата лидери треба да се сретнат во сабота на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), кој вклучува 21 земја и претставува 60 отсто од светскиот БДП.

Тоа ќе биде трета по ред средба на двајцата претседатели, кои ќе присуствуваат и на состанокот на Г-20 во Бразил на почетокот на следната недела.

Американскиот претседател во заминување ќе се обиде да ја искористи можноста да ги истакне напорите направени за да се осигура дека конкуренцијата меѓу двете земји не оди подалеку од разумните граници, изјави висок американски функционер.

Во јануари, Бајден му ја предава функцијата на републиканецот Трамп, победникот на претседателските избори на 5 ноември, којшто во својот тим именуваше функционери со тврда линија кон Пекинг.

Неименуван американски функционер тврди дека двете суперсили, и покрај нивните длабоки разлики, постигнале напредок во областите од взаемен интерес, меѓу кои и подобрената комуникација меѓу двете војски.

„Франс прес“ наведува дека мандатот на Бајден бил обележан со големи тензии со Пекинг, но дека потребниот дијалог меѓу двете страни сè уште е одржан.

За време на кампањата, Трамп вети дека ќе ја брани американската индустрија и се закани дека ќе воведе царини од 10 до 20 отсто на увозот, а царините за стоки од Кина би можеле да изнесуваат и до 60 отсто.

Пред самитот на шефови на држави во Лима во петок и сабота ќе се одржат бројни министерски средби на кои ќе учествуваат американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерката за трговија Кетрин Таи.

Во четврток, кинескиот претседател Кси Џинпинг и перуанската претседателка Дина Буларте ќе го отворат масивното ново пристаниште Чанкај, финансирано од Кина, северно од Лима, финансирано од 3,5 милијарди долари, што ќе го илустрира растечкото влијание на Кина во Латинска Америка./Извор:Makfax