Centar.mk
СВЕТ

Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикува самитот за климатските промени COP 29 во Баку и се прашуваше која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.

„Луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува секој ден во светот. Животот продолжува со старите навики, а нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо“, рече Рама, пишува „Гардијан“.

Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглероден диоксид се зголемени од последниот самит на COP.

„Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што, всушност, правиме на оваа средба повторно и повторно ако не постои заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистинска промена“, праша Рама./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ПОТОПИЛА РУСКИ ВОЕН БРОД КАЈ ЛИБИЈА – Зеленски соопшти за напад со седум поморски дронови

ДЕСК

БРИТАНСКИТЕ ВОЕНИ ПИЛОТИ ПРЕД ТЕХНОЛОШКА ПРЕСВРТНИЦА – Идните борбени авиони можеби ќе летаат без пилот

ДЕСК

ЕСТОНИЈА ЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА НА ШЕСТ МЕСЕЦИ – Нови безбедносни мерки на истокот на Европа

ДЕСК