Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Метеоролозите најавуваат дожд и снег во следните денови

Времето до петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет.

Денес, во вечерните часови, во текот на ноќта и утре локални врнежи од дожд ќе има во јужните делови. Во одделни котлини ќе има појава на магла, jавува УХМР.

В четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север, в четврток и в петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в петок.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Во Скопје до петок времето ќе биде облачно, утре со услови за појава на магла. В четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на околните планини повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК