Centar.mk
СВЕТ

Иран по победата на Трамп: Нема значајна разлика кој ќе биде претседател на САД

Владата на Иран, по победата на Доналд Трамп, соопшти дека нема значајна разлика во тоа кој ќе стане претседател на САД.

„Потпаролката на иранската влада, Фатемех Мохаџерани, потврди дека општите политики на Иран и САД се конзистентни“, објави агенцијата „Тасним“, иранскиот државен медиум поврзан со Исламската револуционерна гарда.

Мохаџерани додаде дека „потребните мерки се однапред планирани“, се вели во извештајот на агенцијата „Тасним“. Мохаџерани исто така изјави дека изборот на претседател на САД „нема никаква врска со Иран и дека генералните политики на САД и Иран се непроменети“, пренесе „Тасним“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго

C +

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира

C +

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа

C +