8. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ќе се зголеми социјалната помош за 10 отсто?

Министерот за социјална политика, Лимани најави зголемен надомест за социјална заштита односно зголемување на гарантирана минимална помош за 10%.

Лимани на вчерашниот владин настан најави раст и на посебниот додаток за 30%, на паричната помош за квадриплегија за 50% , за потполно глуви лица за 20%, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30% и ново право на парична помош на лицата без горни екстремитети.