7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата нема решение – СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите

Соопштение на СДСМ:

Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните.

Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти. За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ граѓаните за еден месец.

Поскапувањето на цените се голем товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари. Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ.

Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените.

Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. СДСМ е тука за граѓаните и ќе продолжиме да се бориме за подобрување на стандардот.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК