Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Владата Мицкоски оствари средба со синдикатот на здравствени работници: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.

На средбата отворено се разговараше за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.

Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.

Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница, како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.

Дијалогот меѓу Владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Наспроти лагите и манипулациите на СДС и Филипче, фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

ДЕСК