12. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Силен земјотрес вечерва ја стресе Грција, почуствуван и во Македонија

Вечерва, на 3-ти ноември 2024 година, земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција. Според податоците, земјотресот се случил во 19:03 по локално време (18:03 по македонско).

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на координатите 40.130° северна ширина и 23.272° источна должина, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил лоциран на околу 64 километри југоисточно од Солун. Блиску до епицентарот се наоѓа и местото Неа Муданиа, кое е оддалечено само 13 километри јужно.

Земјотресот го осетија и жители на пограничните места во Македонија.

Иако засега нема информации за сериозни штети или повредени, потресот бил силно почувствуван во Солун и околината. Жителите во регионот го опишуваат земјотресот како краток, но интензивен, а многумина од нив излегле надвор заради претпазливост. Моментално, локалните власти ги проценуваат евентуалните штети и следат за можни последователни потреси.