Рафинеријата во Панчево го намали обемот на производство поради прекинот на транспортот на сурова нафта преку хрватскиот нафтовод ЈАНАФ. Според информации објавени од Н1 Србија, рафинеријата разгледува и можност за целосно запирање на производството доколку снабдувањето не биде обновено во блиска иднина.
Транспортот на нафтата е прекинат на 6 ноември по оштетување на дел од нафтоводот меѓу Сисак и Славонски Брод. При инцидентот истекле околу 500.000 литри нафта. Во тек е санација на инфраструктурата и на загаденото подрачје.
Од компанијата НИС потврдуваат дека работата на рафинеријата се приспособува според информациите од партнерите. Воедно уверуваат дека бензинските станици засега се снабдени со горива и дека располагаат со резерви. Целосен прекин на производството не е официјално потврден.


