Во домот на културата во општина Илинден се одржа трибина на тема „Вештини за зелена транзиција“. Трибината беше организирана од Комората на мал Бизнис, општина Илинден,и здружение „Институт за развој на зедниците“ од Тетово, како партнери во проектот Green micred pathways.
Проектот е финансиран од ЕУ, а во истиот учествуваат 16 организации од 7 европски земји.
Градоначалникот на Општина Илинден ги соопшти активностите кои општината ги преземала во сегментот на зелената транзиција. Односно, потврди дека општината на повеќе места изградила паркови, а и трим патеки и други содржини кои се насочени кон заедницата. Ја спомна и соработката помеѓу општината и компаниите.
Оља Димтриевска, од ТИТАН Усје, го презентираше ЕСГ извештајот за 2023 година. Извештаите за одржливост, односно ЕСГ извештаите до сега биле верификувани од страна на независни ревизори, но од оваа година нивниот извештај ќе биде дел од корпоративниот извештај со меѓународна потврда на истиот, а ќе биде дел од групацискиот.
Игор Мицкоски, тренер и обучувач го претстави проектот, кој предвидува низа обуки за вработени во компании кои сакаат да стекнат нови знаења во делот на зелените работни вештини. Пред присутните напомена дека присутните на предавањата ќе се стекнат со вештини во пет поглавја, а бидејќи проектот е поддржан од Еразмус + и претставува обврска за т.н. мобилност, дел од работниците од Македонија ќе следат настава во Бугарија, Летонија, Шпанија, Ирска и Шведска, а работници од тие земји ќе присуствуваат во Македонија.
Марјан Ненов, енергетски менаџер и тренер во проектот, ги претстави новите зелени работни вештини.
Едвард Софески, проектниот координатор во Комората на мал бизнис ги претстави можностите и програмата и ги повика присутните да се пријават за учество на обуките.
Во неформалниот дел се отвори дискусија за зелените практики, поддршка за зелените бизнис модели и бизнис идеи. Компаниите покажаа интерес за активно вклучување на заедницата во бизнис моделите кои ќе придонесат за намалување на загадувањето, но и директно вклучување во поддршка на граѓански иницијативи.