Centar.mk
СВЕТ

Многу загинати во Шпанија, спасувачките операции се во тек: „Сè е како од филм за катастрофа“

Страшни поплави ја погодија Шпанија. Валенсија беше најтешко погодена. Најмалку 95 лица загинаа, десетици се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

„Јас сум во дел од градот Валенсија наречен Ла Торе и, кога сонцето почнува да изгрева, јасно може да се види степенот на уништувањето во оваа област.

Само што одев 10 минути по патот, се обидов да ги избројам уништените автомобили, но десетици и десетици од нив се расфрлани насекаде.

Пред мене е куп од девет автомобили „наредени“ пред локалната банка. По целата должина на коловозот се протега дебел слој кал и шут.

Локалните жители одат кон градот и видов некои како се враќаат со големи шишиња вода. Полицијата патролира во областа.

Тешко е да се опише, но се чувствувате како да сте на снимање на филм за катастрофа – но ова е реалноста за луѓето кои живеат овде. Ќе треба долго време да се санира штетата“, напиша репортер на Би-би-си./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

КАБО ВЕРДЕ ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – Прва жена кандидат пред историска можност, се очекува политичка битка

ДЕСК

МАКРОН СО ОСТРА ПОРАКА ЗА УКРАИНА – Ограничувањето на помошта може да донесе нова војна во Европа

ДЕСК

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЕГАЛСКИ КАМП ВО ЛИБАН – Уништени десетици шатори, семејства останаа без покрив

ДЕСК