Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари учествува на 74-от регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Денеска, претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, д-р Арбен Таравари, учествува на свеченото отворање на 74-от регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО).

Овој важен настан е посветен на заедничките напори за подобрување на јавното здравје и развој на здравствените системи во регионот.

Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратешки решенија за предизвиците во здравствениот сектор.

Учеството на министерот Таравари го потврдува посветеноста на Северна Македонија да учествува активно во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +