Centar.mk
СВЕТ

Италијанска скијачка (19) загина на тренинг

Италијанската алпска скијачка Матилда Лоренци им подлегна на повредите во болницата во Болцано во средата по несреќата на тренинг претходниот ден.

„Министерството за одбрана и министерот Гвидо Крочето го изразуваат своето најдлабоко жалење и сочувство до семејството и колегите на капларот Матилда Лоренца“. .

Лоренци почина на тренинг во долината Сеналес во Јужен Тирол, потврди италијанската федерација за зимски спортови.

На почетокот на годината го освои шестото место во спуст и осмата позиција во супервелеслалом на јуниорското Светско првенство во Франција.

И нејзината постара сестра Лукреција е скијачка и членка на воениот клуб Есерсит, а таа учествуваше на една трка од Светскиот куп во Сестриере 2022 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +