22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Коридорот 8 се докажа и потврди како еден од најважните проекти на ДУИ со стратешка релевантност

Демократската унија за интеграција преку Прес конференција изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет.

Во прилог говор од Прес конференцијата.

Почитувани претставници на медиумите,

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет.
Ова само го потврдува нашиот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура.

Не можеме да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротивставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување, денес го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за подобрување на нејзините врски со регионот и Европа.

Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните, и секојдневните резултати ги убедуваат тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка.

Наспроти критиките, бараме овој важен проект успешно да се реализира.

Почитувани,
Исто така, апелираме за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојќане, оценувајќи го како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8.

ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања.

Овој проект го носи печатот на ДУИ, го носи печатот на нашата посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија.