Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Британски пратеник нокаутира маж на улица

Мајк Ејмсбери е исфрлен од Лабуристичката партија откако удрил човек на улица, што било снимено од камери за видео надзор.

„Мајк Ејмсбери и помага на полицијата во Чешир во истрагата по инцидентот во петокот вечерта. Во очекување на истрагата, Ејмсбери е административно суспендиран од членството во Лабуристичката партија“, рече портпаролот на Лабуристичката партија.

Снимката објавена вчера, покажува како пратеникот на Ранкорн и Хелсби го удира човекот, кој потоа паѓа на подот, пред да го удри уште неколку пати. Тројца случајни минувачи потоа дошле и интервенирале меѓу двајцата мажи.

„Педесет и петгодишен маж беше сослушан во полиција во врска со овој инцидент. Тој потоа беше ослободен во очекување на понатамошна истрага“, кратко соопшти полицијата.

„Мајк Ејмсбери мора да одговори на прашањата за неговото однесување и правилно е тоа да биде темелно истражено“, рече портпаролот на Конзервативната партија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЗО БАРА ДОВРШУВАЊЕ НА ПАНДЕМИСКИОТ ДОГОВОР – Во фокус пристапот до вакцини и третмани

ДЕСК

УНЕСКО ПРЕДУПРЕДУВА НА РАСТ НА НЕКАЗНИВОСТА – Без разрешница за најголем дел од убиствата на новинари

ДЕСК

ВЛАДИНА КРИЗА ВО БЕЛГИЈА – Де Вевер понуди оставка по неуспешните буџетски разговори

ДЕСК