Centar.mk
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху го отфрли египетскиот предлог за прекин на огнот во Газа

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја отфрли иницијативата предложена од Египет за краткорочен прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси предложи прекин на огнот во Појасот Газа за да се олесни потенцијалната размена на затвореници, со цел подолгорочно примирје. Медиумите од регионот претходно објавија дека Хамас е подготвен да го прифати предлогот на Египет за првично дводневно примирје, при што ќе бидат ослободени неколку заложници.

„Предложивме дводневно примирје во Појасот Газа за размена на четворица (израелски) заложници за некои (палестински) затвореници, а потоа ќе има преговори десет дена за да се претвори прекинот на огнот во трајно примирје“, рече Ал Сиси. за време на заедничката конференција за новинари со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне во Каиро.

И покрај наводната поддршка на мнозинството израелски министри за египетскиот предлог, Тел Авив одлучи да го отфрли договорот поради противењето на Нетанјаху, кој нагласи дека „преговорите ќе се водат само под оган“, според израелскиот Канал 12.

Израел проценува дека 101 лице сè уште се во заробеништво на Хамас во Појасот Газа, а се стравува дека некои веќе се убиени или од Хамас или во израелските напади врз густо населената област на енклавата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Издадено предупредување за цунами, евакуација по должината на брегот

ДЕСК

Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

C +

Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд

C +

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.