Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наутро услови за слаба магла, преку денот сончево со мала облачност

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево преку денот и релативно топло за овој дел од годината. Во среда ќе има преодна зголемена облачност проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку ќе опадне./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК