Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

Реакција на ДУИ:

Демократската унија за интеграција цени дека продолжувањето на работите на коридорот 8 дури и од страна на Владата без етнички легитимитет ја докажува и потврдува нашата правична и визионерска политика.

Партиите кои денеска го фалеа и се гордееа со проектот, до вчера го критикуваа договорот и изградбата на Коридорот 8 со закани дека ќе го откажат договорот, а денеска го нарекоа историски проект.

Граѓаните секојдневно ги чувствуваат придобивките од нашите политики и се убедени дека целиот политички лов на вештерки со клевети и конструкции беше измама за да се дојде на власт, дури и без етнички легитимитет.

Коридорот 8, иако го носи печатот на ДУИ, е на сите граѓани и апелираме тунелот од Гостивар до Букојчани да се реализира бидејќи тоа е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот.

Исто така, предвидениот буџет за овој проект мора да се реализира како што е утврден за да нема намерни опструкции и политички доцнења во реализацијата на проектот.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК