Centar.mk
ЛОКАЛНО

Битола: Отворена можност за електронско плаќање на данокот на имот и даночните обврски кон општинита

Општина Битола, од денес го стави во функција модулот за електронска проверка и плаќање на даночните обврски кон општината. Пристапот до оваа електронска услуга која се воведува за првпат во Општина Битола е преку веб страната на општината на следниот линк https://edanoci.bitola.gov.mk/. После успешната регистрација на системот, граѓаните имаат и достапно упатство за следење на потребните чекори за проверка и плаќање преку новиот модул.
Кратко видео упатство е достапно на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=sPVg-3bkQII.

На овој начин, Општина Битола, го унапредува своето работење со помош на дигитални алатки, во функција на поголема достапност за граѓаните.

Во насока на транспарентно и посветено работење, а со цел елиминирање на одредени случаи на неусогласени состојби, доколку се појават, општинската администрација од Секторот за финансии, подготвена е да одговори на сите барања на граѓаните кои се однесуваат на даночната евиденција. За таа цел, навремено, организирано, соодветно и брзо делување, како и поддршка на корисниците при одредни потешкотии или забелешки граѓаните можат да се обратат, секој работен ден, од 07:30 до 15:30 часот на следните телефонски броеви: 076260890 – Наташа Лукиќ, помошник раководител на сектор за финансии, 070303134 Тања Танчевска и кај даночниот сметководител Јасмина Бакиќ на телефонскиот број 076370911.

За комуникација со граѓаните од областа на даночната евиденција, достапни се и телефонските броеви 047208323 и 047208332.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК