31. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху: Ние самите ги избравме целите во Иран, не ни ги диктираше САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ги избрал целите што ги нападнал во Иран врз основа на сопствените национални интереси, а не диктирани од САД.

Канцеларијата на Нетанјаху издаде соопштение по извештајот на локалната телевизија дека Израел избегнал да ги гаѓа иранските гасни и нафтени постројки бидејќи Вашингтон го побарал тоа.

„Израел однапред ги избра целите на нападот според своите национални интереси, а не според американските диктати. Така беше, така ќе биде“, соопштија од неговиот кабинет.

Израел во саботата вечерта нападна цели во Иран, при што загинаа четворица ирански војници.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека целеле на ракетни фабрики и други локации во близина на Техеран и во западен Иран рано во саботата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во саботата навечер потврди дека иранските нуклеарни постројки не биле погодени.

Израелската одмазда за нападот на Иран со речиси 200 балистички проектили истрелани врз Израел на 1 октомври се очекуваше со недели./Извор:Makfax