13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски фатен во лага, па нели кукавичкото јајце беше на СДСМ?

СДСМ со реакција:

По колективната оставка на Комисијата за помилувања разобличена е денешната ноторна лага на Мицкоски кој ја обвини претходната влада дека оставила кукавичко јајце со помилувањата. Уште колку лаги ќе каже премиерот само да избегнат одговорност тој и Силјановска? Оставката на Комисијата е само уште една потврда за одговорноста на Силјановска која треба да се одважи и да ја преземе одговорноста.

Повеќе од јасно е дека таа ги дава помилувањата и последната одлука е токму нејзина. Наместо да се кријат таа и Мицкоски зад комисијата, треба да излезат и да кажат во каков договор се со помилуваните нарко босови. Нарко босовите лично и се заблагодарија на Силјановска за помилувањата и ниедна оставка не може да ја спаси од одговорност. Обидот на Мицкоски да ја префрли вината на СДСМ пак е доказ за манипулациите и лагите на кои е спремен премиерот кога е фатен во тесно.

Од Мицкоски одговорност и чесно признание на криминалите во кои е фатен граѓаните нема никогаш да видат. Станува збор за човек кој нема чуство за лидерство и правда и ова е само најава дека за секој следен случај тој ќе ја обивнува СДСМ. Ова е одлика на слабите лидери и лоши политичари каков што е Мицкоски. Со вакво однесување ниту правда, ниту одговорност ќе има во државата и владините функционери.

Јавно ги повикуваме Мицкоски и Силјановска – излезете признајте ја вината и извинети им се на граѓаните што ослободивте опасни криминалци, ако веќе немате намера да признаете кој е договорот со нив.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.