Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Комисијата за помилување поднесе оставка

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, напиша професорот Гордан Калајџиев.

Членови на комисијата за помилување кај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа и: д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Арлинда Кадри- Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.

По повод денот на Македонската револуционерна борба, претседателката Силјановска на 22-ри месецов помилува десетмина осуденици, за што јавноста жестоко реагираше.

Сепак нема повлекување на помилувањата, едно од лицата кои беа ослободени, веднаш беше уапсено затоа што беше осомничен за вооружен инцидент во Чаир.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК