Centar.mk
РЕГИОН

Фон дер Лајен: Србија е еден од најнапредните кандидати за членство во ЕУ

Србија е една од најнапредните земји во процесот на пристапување во Европската унија и на неа е да избере брзина на пристапување, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Фон дер Лајен рече дека партнерството меѓу Србија и Европската унија станува се посилно, а ЕУ е првиот трговски партнер и инвеститор на Србија.

Напредокот на Србија на европскиот пат и почетокот на имплементацијата на Планот за раст на Западен Балкан беа во фокусот на разговорот меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен.

„Планот за раст треба да ги приближи економиите од Западен Балкан до нашата и постепено да го интегрира регионалниот пазар со единствениот европски пазар. Принципот е многу едноставен. Ги отвораме вратите на единствениот пазар на Европската унија во одредени сектори за српските компании, а за возврат треба да се спроведат одредени реформи заради фер услови на пазарот“, рече Фон дер Лајен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +