Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница

На 24.10.2024 во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“. Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“. Ѓ.П. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира

25-годишна жена од Мала Речица пријавила напад во својот двор

ДЕСК

Возел без важечка дозвола и со истечена регистрација – приведен 22-годишник во Гостивар

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ, ваква измама се случи во Македонија: Проверил мобилно банкарство и открил дека му недостигаат 139.474 денари

ДЕСК