Centar.mk
БИЗНИС

Системот „Е-даноци“ работи забавено поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, да не се чека последниот рок, апелира УЈП

Управата за јавни приход известува дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат тешкотии при поднесувањето на пријавите.

Тимови од УЈП, како што соопштуваат, активно го следат функционирањето на системот.

„УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП“, велат од Управата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК