Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Стратегијата веќе постои – Мицкоски повторно со празни зборови без конкретни идеи

СДСМ – интегрално соопштение:

Државата веќе има национална стратегија која претходната влада, со помош на експерти и претставници на сите политички партии, ја изготви и ја поднесе до Собранието – Стратегијата за развој 2024-2044. Тоа е платформата околу која треба да се води разговорот, а Собранието е местото каде што се одржуваат овие дебати. Фактот што Мицкоски го деградира Собранието како форум за вакви важни теми е само доказ за неговата несериозност.

Мицкоски веќе повикуваше на обединување околу 10 точки и вредности, кои самиот не ги почитува. Сега повикува на обединување околу стратегија која веќе постои, и овој пристап го сметаме за крајно несериозен.

Мицкоски за четири месеци не понуди конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област, цели за кои државата би имала план и временска рамка за реализација. СДСМ, за жал, препознава само празна реторика со која Мицкоски се обидува да се прикаже како конструктивен политичар, но во реалноста тоа не е така.

СДСМ, од досегашните политики на Мицкоски, не може да препознае ниедна политика која е во интерес на граѓаните, околу која би можеле да се обединиме. Во изминатите четири месеци забележуваме драстичен пад на животниот стандард поради лоши политики, ниски плати и заштита на трговците наместо на граѓаните.
Има паушално најавена борба против корупцијата и криминалот, додека од друга страна се помилуваат нарко-дилери и картели. Безбедноста во државата е на најниско ниво, со престрелки на улиците и владеење на криминалците.

Сведоци сме на назадување на демократијата преку назначување на партиски кадри на клучни безбедносни институции, што е јасен сигнал како планира да владее Мицкоски. Имаме паралелни институции формирани од ВЛЕН, се создаваат паралелни академии на науки и се врши брутална партизација. Ова ги брка младите и образованите кадри надвор од државата. Околу вакви катастрофални политики не можеме да се обединиме.

Државата и граѓаните со години беа обединети околу една единствена цел – ЕУ и НАТО интеграции – но и за ова нема конкретен план. СДСМ бара конструктивност од ВМРО-ДПМНЕ и конкретни решенија кои се во интерес на граѓаните, околу кои може да се дебатира. Додека ВМРО-ДПМНЕ не созрее и не разбере дека обединувањето не смее да се користи како политичка флоскула и манипулација, туку за тоа е потребно вистинско лидерство, државата, за жал, нема да напредува.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК