Centar.mk
фото скриншот/МВР
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Конче, одземеното вратено на сопственикот

На 23.10.2023 во 22.20 часот во село Габревци, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во помошен објект во село Скоруша, општина Конче, сопственост на М.А.(50) од с.Лубница. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а И.А. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК