Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Правната држава погребана: Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат нарко босови, обвини СДСМ

СДСМ остро реагира на последните одлуки за помилување од страна на претседателката Силјановска Давкова, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Помилувани се лица од нарко-кланот „Барон“, вклучувајќи го и ослободениот нарко-бос, кој јавно ѝ се заблагодари на претседателката. Ова сценарио, според СДСМ, изгледа како однапред договорен план меѓу власта и криминалните структури, за што прашуваат: колкава е цената и кој ги добил парите?

Силјановска Давкова се заплетка со својата изјава, а Гордан Калајџиев потврди дека одговорноста за помилувањето лежи кај претседателката. Дополнително, СДСМ го повикува министерот Филков, кој досега молчи, да ја објасни својата улога во скандалот.

СДСМ предупредува дека правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска се однесува само на нарко-картелите и лицата од подземјето. Граѓаните денес живеат во страв за својата безбедност, додека криминалците се ослободуваат и шетаат по улиците.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК