Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Пукање во Арачиново: Му дошле дома, го повикале да излезе надвор и го застрелале

На 22.10.2024 година во 20:50 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д. (42) од село Арачиново со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога.

Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот и утврдиле дека околу 20 часот Ќ.Д. бил повикан пред вратата од својата куќа од едно лице, кое потоа пукало кон него.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

ДЕСК