Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски на деветтата Конференција за миграција во Виена

Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски денеска и утре (22-23 октомври 2024) учествува на годишната Конференција за миграции во Виена (Vienna Migration Conference) во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики – ИЦМПД.

На деветтата Виенска конференција за миграции присуствуваат повеќе од 250 носители на одлуки, владини претставници, експерти од областа на миграцијата, меѓународни организации, академската заедница и цивилното општеството кои прават напори за поврзување на миграциските текови со најсоодветните стратешки политики и решенија. На конференцијата македонската делегација учествува во дискусијата за продолжување на заложбите за справување со нерегуларната миграција, како и за активностите во однос на почетокот на имплементацијата на ЕУ Пактот за миграција и азил.

На маргините на Конференцијата државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски ќе оствари билатерална средба со генералниот директор на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер, а договорени се повеќе билатерални средби со истакнати владини претставници и министри кои учествуваат на конференцијата.

Можеби ќе ве интересира

КОШАРКАР ПРОНАШОЛ ЗАКАНУВАЧКА ПОРАКА НА АВТОМОБИЛОТ ВО АЕРОДРОМ – Претходно добил закана и на социјална мрежа

ДЕСК

НАПАД ВРЗ СОСЕД И НЕГОВАТА МАЛОЛЕТНА ВНУКА НА БИТ ПАЗАР – Пријавена употреба на тврд предмет и закани со остри предмети

ДЕСК

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД ГРУПЧИН ПОД СОМНЕЖ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО СО ДРОГА – Марихуана пронајдена во „голф“ на патот Тетово – Скопје

ДЕСК