11. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

За време на викендот отстранети 60 кубни метри неправилно одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Во општината Чаир е интервенирано во населбата Серава, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана во непосредна близина на скопското Теќе.

Во општината Ѓорче Петров се расчистуваа диви депонии на улиците Борис Сарафов и Лихнида. Екипите на Претпријатието отстранија и приближно 15 кубни метри отпад одложен на јавна површина на улицата Вера Јоциќ во општината Кисела Вода.

Воедно, во текот на викендот се подигнати и околу 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа и кабаст отпад одложени на Кејот „13 Ноември“ во строгиот центар на градот.