Centar.mk
СВЕТ

Хорор во Газа: Израелците бомбардираа станбен комплекс при што загинаа повеќе од 70 лица

Во израелски воздушен напад врз станбен комплекс во градот Беит Лахија, на северот на Појасот Газа, загинаа 73 лица, а повеќе од десетина се ранети, соопшти синоќа Канцеларијата за медиуми во Газа.

Во соопштението се наведува и дека десетици луѓе се под урнатините, а повеќето од жртвите се жени и деца , пренесува Ал Џезира.

Палестинската агенција ВАФА наведува дека израелски воени авиони извршиле интензивно бомбардирање на Беит Лахиа, при што целосно го уништиле станбениот комплекс додека цивили биле внатре.

Многумина се уште се заробени под урнатините, а спасувачките екипи не можат да стигнат до нив.

ВАФА додава дека израелските сили ги гаѓале шаторите во кои се сместени раселените семејства во дворот на болницата Ал-Авда и директно насочени кон возилата на брзата помош./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК

ГОЛЕМА ПОДЕЛБА ВО АМЕРИКАНСКОТО ЗДРАВСТВО – CVS најави создавање две одделни компании

ДЕСК

ЈУЖНА АФРИКА ГЛАСА ЗА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ – Регистрирани се 29,2 милиони избирачи

ДЕСК